РЕГИОН

Големи пожари во делови на Албанија

Со денови пожарникарите и оние во заштитените подрачја се борат со пожарот кој продолжува рапидно да се шири. Планината во селото Дукат беше првиот предизвик со пожарите на територијата на општина Валона, точно во административната единица Орикум. Борбата на пожарникарите на ова подрачје траеше 4 дена, а планинскиот терен ја отежнуваше нивната работа. Во меѓувреме, утринава беше изгаснато жариштето во Радима, каде вчера попладне избувна пожар. Според полицијата, уапсен е 51-годишен маж, кој е  осомничен дека наводно го подметнал пожар палејќи маслинови градини . Пожар избувна и во Карабаурун. Опожарената површина достигна стотици хектари, пожарникарите велат дека е невозможно да се интервенира поради непристапниот терен.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button