ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Големиот број барања за лични документи ги блокираа службите на Министерството за внатрешни работи

И покрај поплаките на граѓаните, од МВР велат дека нема недостаток на материјал за лични документи. Од МВР признаа дека има доцнења во постапките, но додаваат дека тоа се должи на огромното зголемување на барањата. Според портпаролот на МВР, за време на пандемијата немало барања за нови документи. Неофицијално, издавањето документи со новото уставно име ќе започне во јули.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека е деблокирана и постапката за нови регистарски таблички за возила.

 Во последните три месеци граѓаните се жалеа на доцнење во административните процедури за добивање лични документи и закажување термини. И возачите упатија жалба поради недостаток на регистарски таблички во техничките центри.

Adrian Kerimi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button