РЕГИОН

(ФОТО) Големиот пожар во Грција сѐ уште активен, димот се чувствува и во Атина

Грчките пожарникари втор ден по ред се борат со големиот шумски пожар во регионот на Коринт, западно од Атина, а синоќа беа евакуирани неколку други населени места. Шефот за цивилна заштита, Никос Хардалиас, денес изјави дека изгореле повеќе од 4.000 хектари планински терен, кој претежно бил под шума.

Уништени се десетици викендички и неколку домови на постојани жители, објави АП.

Пожарот, кој избувна  недалеку од селото Скинос, се шири под влијание на ветерот што го донесе чадот и до Атина.

Повеќе од 300 пожарникари, теренски екипи, припадници на армијата и волонтери се борат со огнот, а во акцијата учествуваат и 21 противпожарни авиони и хеликоптери.

Хардалиас рече дека пожарникарите и покрај тешките околности, успеале да спречат пожарот да стигне до градот Мегара на истокот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button