ЕКОНОМИЈАМЕТРОПОЛ

Големите Deep Purple во Скопје на најголемиот рок концерт во Македонија последнава декада!

Драги пријатели,

Со огромно задоволство ви најавуваме, еден од најголемите рокенрол состави на сите времиња, член на големата петорка (The Beatles, The Rolling Stones, Pink Floyd, Led Zeppelin, Deep Purple), ќе одржи голем концерт на 28 мај 2022 година на стадионот на АРМ во Скопје.

Што да се каже што не е познато за великаните?
Актуелната долгогодишна петорка: Ian Gillan, Ian Paice, Roger Glover, Steve Morse и Don Airey, плени прво со својата потентност (четири студиски албуми во последните десет години), а потоа и со непрекинатото одржување на турнеи низ сите континенти, за кои критиката е едногласна дека „како времето проаѓа, така овие луѓе се` подобро и подобро свират во живо!?”

Македонската и регионалната публика ќе може во живо да ги слушнат класиците: „Smoke on the water“, „Hush“, „Strange kind of woman“, „Woman from Tokyo“, „Knocking at your back door“, „Highway star“ и уште многу други хитови што го одбележаа пет децениското постоење на овој навистина и култен и легендарен бенд во музичката историја, којшто со тоа што го работи во моментов и тоа како е цврсто позициониран со своите нови албуми во сегашноста.

Доволно е само да се каже името на продуцентот на последниот албум “Turning to crime”, Bob Ezrin – човек којшто како продуцент потпишува албуми на Aerosmith, Pink Floyd, Lou Reed, Peter Gabriel, Andrea Boccelli и други понови бендови како 30 Seconds to Mars и Deftones.

Навистина е раритентна можноста во една сезона да можеме да ги видиме и Deep Purple и Whitesnake во Скопје, со што се надеваме дека ја исполнивме желбата (заедно со концертот на Placebo) во Македонија да има повеќе рок концерти отколку во изминатиот период.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба утре (среда, 23.02.2022 година) низ продажните места во мрежата на Авалон низ Македонија и онлајн на avalon.mk, по следниве цени и категории:

ПАРТЕР – 1.500 денари
ФАН ПИТ – 2.000 денари (само 2.000 влезници ќе бидат пуштени во продажба)

You keep on moving!

Авалон Продукција

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button