
Бесарт Ибраими има 38 години и игра на ниво за Шкендија, тоа му донесе нов гол во победата над Вардар кој беше јубилеен за поранешниот репрезентативец на Македонија.
https://www.facebook.com/fcshkendija/videos/1862705757804182
Интернет-страницата на Шкендија објави текст во кој Бесарт Ибраими го нарече како што своевремено беше Златан Ибрахимовиќ – „Ибракадабра“.
Голот против Вардар за Бесарт беше 150. во дресот на Шкендија, што е импресивен рекорд. Во ПМФЛ, Бесарт Ибраими има постигнато 120 гола за Шкендија, потоа следат настапите во еврокуповите каде е најдобар македонски стрелец со 16 гола, па уште 14 гола има и во Купот на Македонија.
Воедно, Бесарт Ибраими е најдобар стрелец во историјата на македонскиот фудбал со 211 гола.