ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ѓорчев: Ветото за Македонија е блокада на целата европска политика за проширување

Поранешниот амбасадор во Република Бугарија Марјан Ѓорчев прогнозира дека според последните анкети партиите на промените во Бугарија ќе освојат повеќе гласови, но не очекува која било влада да излезе од стереотипите на бугарскиот концепт за решавање на таканареченото македонско прашање. Тој не гледа шанса за решавање на спорот, доколку Бугарија не отстапи од непринципиелното поставување на вето, а решението единствено го гледа во дополнителен ангажман на ЕУ и НАТО. Ѓорчев смета дека билатералниот спор треба да се решава без да го блокира почетокот на преговорите.

„Тие две институции Европската Унија и НАТО алијансата ќе треба да вложат дополнителни напори да и укажат на Република Бугарија дека спречувањето на Македонија да влезе во ЕУ е спречување на политиката на Европската унија за проширување, а билатералниот спор помеѓу Македонија и Бугарија треба да се решава на сосема други принципи како што се решаваат споровите помеѓу Хрватска и Словенија, како Србија и Косово и ред други проблеми кои што ги имаат земјите од ЕУ. Во тој контекст може да се очекува да се излезе од таа волшебна спирала нешто да докажуваме, треба јасно да кажеме дека Македонија нема да преговара за нешто што преставува нарушување на европските вредности и да се обидеме билатералниот спор да го решаваме во време и простор кое што ќе биде доволно да најдеме заеднички јазик. Европа е единствено цела тогаш кога е цела, а ние сме дел од Европа независно дали сме членка на Унијата или не сме сме дел од Унијата,но сме кандидат и тоа најстар кандидат со 16 години статус кандидат земја ченка на Европската Унија. Европа треба да има интерес доколку смета дека целиот европски континент е поле каде што треба да го прошири своето влијание да го инсталира својот политички економски капацитет, во спротивно ќе дозволи други сили вон европскиот континент кои имаат интереси да промивираат своја политика своја гео политика а тоа за Еврпоа би било непожелно од аспект на тоа што претставува концентриање на сите сили за растот, развојот на Европа и на економски и политички но пред се на граѓански план“, изјави Марјан Ѓорчев- Екс амбасадор во Р.Бугарија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button