ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Гори борова шума во Тетовско

– Пожарот навлезе во борова шума, садена од поранешната ЈНА, поради што кон овој шумски пожар полетаа три противпожарни авиони „Ер-трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување и еден хеликоптер на МВР кои ќе им помогнат на пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Тетово во гаснењето на овој пожар, информираше директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.