
Фудбалскиот клуб Гостивар се пофали со ново засилување меѓу стативите, бидејќи го промовира Баки Алиу.
Станува збор за млад 20-годишен чувар на мрежата кој претходната полусезона ја мина во редовите на второлигашот Башкими.
Алиу претходно имаше и авантура во Германија, каде што бранеше за нисколигашот Кенигсборнер, а сега веројатно ќе биде резервен голман во редовите на Гостивар кој има шампионски амбиции.