ЗАБАВА

„Град на две мориња“, станува туристичка атракција

Вториот по големина град од добро познатиот регион Апулја, Таранто, инаку познат како „Град на две мориња“, станува туристичка атракција, благодарение на неговото наследство кое датира уште од времето на Спарта. Таранто стана познат околу ‘60 -тите години по своите фабрики за челик, тогаш едни од најголемите во Европа. Долго време градот беше жариште на големо загадување на животната средина, што сериозно го оштети здравјето на жителите, екосистемот и се разбира, туризмот. Неодамна, градот се обидува да го остави зад себе мрачното минато и да инвестира повеќе за да го врати стариот идентитет, од 2.500 годишна историја. Новиот проект за обновување на градот вклучува модерна зграда во центарот на градот, нова уметничка галерија, библиотека, образовни објекти и реставрација на стариот град, со подземни соби и други скриени средства. Најважно за да се оживее „Градот на две мориња“ е природата и водата што го опкружува.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button