ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Град Скопје и Владата мува не ги лази за хаосот низ Скопје

Три дена по блокирањето на улиците во Скопје, пред медиумите излезе генералниот секретар на Градот. Според него, политиката била виновна за состојбата. Но, Зоран Глигоров реши да си замине кога требаше да ги слушне новинарските прашања како ќе се реши проблемот, ќе се дадат ли пари за превозниците и кога ќе се нормализира сообраќајот во главниот град.

Директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски се повлече од штрајкот и од сите процеси што ќе следат, бидејќи смета дека неговото име многу се злоупотребува, но информираше дека блокадата на возачите ќе продолжи.

Тој рече дека наместо да се реши проблемот со плаќањата, се отвориле нови проблеми со добивањето дозволи и ускратувањето на правото за учество на јавниот повик. На ова реагираа и од ВМРО-ДПМНЕ. Според нив, Арсовска се обидува да ги замени приватните превозници со превозници од Бугарија.

Од Владата повторно со став дека ја следат состојбата, но не кажуваат дали планираат да преземат некакви мерки кои ќе помогнат да се надмине хаосот, чии последици најмногу ги трпат граѓаните.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button