ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Град Скопје објави повик за субвенции на стари занаети

Град Скопје објави повик за субвенции на стари занаети

Град Скопје објави повик за субвенционирање на стари занаети и занаетчиски дејности во изумирање. Според огласот на кој може да се аплицира од денеска, право на учество имаат занаетчии кои не добиле буџетски средства од проекти за субвенционирање од Град Скопје во тековната година, како и занаетчиите кои се регистрирани согласно Законот за занаетчиство и обавуваат занаетчиски дејности во изумирање.

„Согласно обработените податоци занаети кои бележат намалување на активноста во континуитет се: јорганџија, опинчар, јажар, крзнар, грнчар, шапкар, ковач, лимар, казанџија, копчар, свеќар, венци, сита, саатчија, ракотворби-корпар, ракотворби-изработка на сувенири, домашна ракотворба, изработка на филигран, накит и слични производи, производство на музички инструменти и самарџија)“,се наведува во соопштението на Град Скопје.

Барањата за субвенции треба да се достават до 10.12.2022, а исплатата на одобрените средства ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања по принципот ,,Прв дојден прв услужен”.
За оваа мерка во Буџетот на Град Скопје предвидени се средства во висина од 500.000,00 денари. Паричната субвенција изнесува 10.000 денари по апликант.

Доколку бидат исцрпени предвидените финансиски средства, завршувањето на Јавниот повик ќе биде обајвено на официјалната веб страна, информираат од Град Скопје.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button