ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Град Скопје остави без работа превозници кои возат над 30 години

Град Скопје остави без работа превозници кои возат над 30 години

По 32 години работа по улиците на главниот град, на стотици возачи на приватни превозници им беа раскинати договорите за работа. Еден од нив е и Узаир Ахмети. Господине Ахмети, како се чувствувате денес што не можете да се сообраќате и да превезувате граѓани?

“Како се чувствувате кога некој ќе ви го земе лебот од уста? Ова е многу тешко за нас, како семејство е многу тешко”, рече Узаир Ахмети, возач на автобус.

Ахмети има 58 години, а како возач на автобус почнал да работи на 32 годишна возраст, кога за првпат почнале со работа приватните автобуски линии во главниот град. Тој вели дека со децении оваа работа била единственото средство за егзистенција на семејството.

“32 години се занимавам само со оваа работа, во нашето семејство има пет члена, но кога бевме заедно со моите браќа бевме блиску до 23 члена, 23 члена заработуваа од ова, се издржувавме само со оваа работа. Имавме тешки моменти и загуби кога работевме само за да си ја зачуваме линијата, за да не се прекине работата и да не ја изгубиме работата”, нагласи Узаир Ахмети, возач на автобус.

Превозниците не замислувавме дека после три децении работа ќе дојдат во ситуација целосно да бидат игнорирани од градоначалник на Град Скопје. Затоа се многу разочарани од Данела Арсовска, која во предизборната кампања им вети многу подобри услови.

“Пред изборите ни рече дека сè ќе биде многу подобро, ни вети дека ќе ни даде близу 20.000 евра субвенции по автобус, по едно ипол евра за километар, бидејќи сега е 62,63 денари. Со поскапувањето на нафтата требаше да ја зголеми цената за километар, но денес нема ништо од тоа, не важат нејзините ветувања. Што имаат тие таму меѓу себе не знам, но трпиме од тоа што ни прекинаа”, изави Узаир Ахмети, возач на автобус.

Ахмети вели дека еден автобус дневно троши над 12.000 денари само за нафта, покрај другите трошоци. Секоја инвестиција за автобусите им е од сопствен џеб. Согласно евро стандардите, последниот автобус го купиле за повеќе од 20.000 евра. Имаат околу 10.000 евра долг од ЈСП. Се надева дека ќе се вратат убавите денови за него и за неговите 220 колеги.

“Мојата надеж е дека ќе се бориме до крај да ми ја вратат работата и парите, за да продолжиме со оваа работа… Да продолжиме повторно и да работиме како што работиме 32 години”, додаде тој./Alsat.mk

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button