ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Градежните работи на улиците околу плоштадот во Тетово предизвикаа хаос во сообраќајот

Градежните работи на некои улици околу плоштадот во Тетово и неуспехот на надлежните органи да ги информираат граѓаните, предизвикаа застој во сообраќајот, блокирање на главните улици, крстосницата на улицата „Илинден“,и околу кружните текови во центар.

Со фрекевенцијата на сообраќајот на улиците во Тетово, работата на пајак-службата се зголеми за сите оние кои погрешно паркираат. Од оваа услуга велат дека секој ден се подигнуваат десетици автомобили кои го блокираат патот, паркирани на тротоари, пешачки премини или места каде што не треба да се паркира.

Од СВР- Тетово апелираат возачите да внимаваат на прекршување на правилата, особено за време на празникот Бајрам кога кружат повеќе автомобили.

„Нередот во градот е предизвикан и од работите што се прават на некои улици во Тетово, а граѓаните не се добро информирани, особено оние кои сега дошле од странство за празниците. Сепак, колегите на терен ја следат ситуацијата и преземаат соодветни мерки така што само во изминатите два дена, преку општинската пајак служба, беа собрани 30 паркирани автомобили“, рече Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.

За само 48 часа, СВР во Тетово изрече 120 казни за непочитување на сообраќајните правила. Во последните четири месеци, пајак служба на општината отстранила 570 погрешно паркирани автомобили.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button