ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Градинките во Арачиново и Липково, чекаат согласност за персоналот кој треба да работи

Градинките во Арачиново и Липково, чекаат согласност за персоналот кој треба да работи

Пред крајот на годишниот одмор, градинките во Арачиново и Липково се очекува да проработат, и покрај фактот што објектите веќе се пуштени во употреба осум месеци. Министерот за труд и социјала за Алсат изјави дека ниту една постапка поврзана со овие градинки не е запоставена, но дека во тек е постапката за потпишување на согласност за персоналот кој ќе работи во овие објекти.

Advertisements

„Сите барања од директорите од детските градинки се примени, тие се во процес на потпишување во Министерството за финансии, откако ќе поминат таму, се враќаат во нашето Министерство, потоа ги дистрибуираме во сите детски градинки, вклучувајќи го и Арачиново и сите други детски градинки кои се на ниво на нашата земја. Дали тоа значи дека можеби по Нова година или по празниците ќе биде ставена во функција или можеби дури и оваа година? Не, не, пред тоа. Гарантирам дека ќе биде пред тоа и во Општина Арачиново и во Општина Липково “, рече Фатмир Лимани, министер за социјална политика, демографија и млади.

Покрај градинките во Арачиново и Липково, Лимани рече дека ќе бидат ставени во функција и сите други предучилишни установи, кои веќе имаат добиено техничко примопредавање, и ги исполнуваат потребните услови.

Во градинката во Арачиново се очекува да бидат сместени 115 деца, и покрај тоа што листата на чекање ја надминува оваа бројка. Исто така, во градинката во Липково се очекува да се сместат 115 деца поделени во 6 групи. Пред неколку дена, градоначалниците на Арачиново и Липково истакнаа дека се соочуваат со бирократски процедури кога станува збор за ставање во функција на овие објекти. Нефункционирањето на градинките ги револтира и жителите на овие општини кои сметаат дека на овие населени места им се потребни повеќе градинки со оглед на големиот број жители./Алсат.мк

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button