ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Граѓани: Ковид пандемијата најлошото во 2020 година

2020 година не стави во ситуација со која никој од нас не помислил дека ќе се соочи. Беше пандемијата тоа што целосно го промени начинот на живеење. Дури ова влијаело како на психата на граѓаните, така и на нивниот џеп. Но, што мислат тие дека била најважната лекција што сме ја научиле во текот на 2020 година? Дали би и отвориле врата на 2020-та доколку повторно би тропнала на врата? И што очекуваат за 2021 година?“ Да видиме што кажале.

“Треба да му кажеме, оди и никогаш да не се вратиш за да се вратиме на нормалноста. Во текот на 2020-та Ковид им донесе и малку памет на луѓето. Сѐ се промени, луѓето се под стрес. Беше проблематична година“…

“Да не се повтори веќе. Новата година да биде добра. Беше тешка година. Да се надеваме дека нема да се повтори во следната година. Да не ни дојде некој друг Ковид. Овој што е да замине што побргу, за да немаме потреба да носиме маски. 02:27 Беше голема лекција за нас, за да го зачуваме здравјето, материјалната страна не е и толку важна, туку душевната и да мислиме позитивно…

“Беше никаква. Ни недостигаше да шетаме, да одиме на одмори. Да би сакале да биде добро да си тргнат овие работи, да не ги носиме маските веќе, бидејќи ни сметаат”…

“Пандемијата, нормално, ја доживееш како секој друг. Мојата мала ќерка е анестезиолог во хирургија и сигурно дека мислите ми се таму цело време. Другата е адвокат и постојано им повторувам да внимаваат. Научивме да го зачуваме здравјето, да не мислиме многу на богатството. Да го имаме здравјето ние и тие околу нас, а за пари, ќе поминеме како тие што имаат малку, и тие што имаат многу“, рекоа анкетираните граѓани.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button