ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Граѓаните без државјанство бараат да бидат вклучени во процесот на вакцинирање

Назиктере Халими е една од многуте граѓани без државјанство на Македонија, за кои не е познато кога и дали ќе бидат вакцинирани против Ковид 19. Таа е заинтересирана за имунизација, но е загрижена за тоа што ќе се случи со оваа категорија граѓани. Таа бара институциите да се однесуваат кон неа и другите без државјанство, како и со луѓето што живеат во Македонија.

„Јас сум заинтересирана за вакцинација, но бидејќи немам државјанство, не знам дали имаме право да ја примаме вакцината. Јас живеам 10 години во Македонија, немам државјанство, но верувам дека и јас ќе имам право да се вакцинирам“, вели Назиктере Халими, граѓанин.

Фондот за здравство (ФЗОМ) нема одговор како ќе се третира оваа категорија граѓани, или дали оваа институција ќе ја покрие нивната вакцинација.

„Ве упатуваме да го препратите прашањето до Министерството за здравство како одговорно за ова прашање”, наведуваат од ФЗОМ.

Но, истото го велат од Министерството, упатувајќи нè да побараме одговори од Фондот за здравство.

„Ве упатуваме да побарате одговори од Фондот за здравствено осигурување“, наведуваат од министерството за здравство.

Зад камерите, министерот за здравство Венко Филипче рече дека во моментот не постои посебен план за вакцинирање на овие лица, бидејќи прво ќе се вакцинираат државјаните на земјава, а потоа ќе се види што ќе се случи со луѓето без државјанство. Исто така, не е познато дали е планирано купување на вакцини за нив, како и кој е ризикот за земјава доколку оваа категорија граѓани остане невакцинирана. За друга категорија граѓани кои имаат државјанство на Македонија, но кои немаат здравствено осигурување, ќе важат истите правила како за оние со осигурување. Доволно е да имаат државјанство и да ја примаат вакцината бесплатно, како и здравствениот третман за ковид 19. Во моментов во земјата 1.873.891 лица имаат здравствено осигурување, но не е познат точниот број на оние кои не се осигурани.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button