ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Граѓаните кои добиле термини за вакцинација во други градови ќе се вакцинираат во нивните населени места

Технички проблеми ги помешаа пунктовите за вакцинација на граѓаните. Преку системот „Мој термин“, граѓаните добија погрешни распореди за имунизација, односно им беше даден термин во друг град дури и во случаи кога во нивниот град имало пункт за вакцинација. Министерот за здравство рече дека граѓаните кои се далеку од пунктот на вакцинација, можат да се вакцинираат и во Здравствените домови во градовите каде што живеат, но ќе мора да почекаат неколку дена, за да им дојде редот. Следната недела се очекуваат да се отворат  пунктови за вакцинација и во Велес, Прилеп и Струмица.

Досега се вакцинирани  околу 85.000 граѓани. Околу 24 илјади граѓани примиле две дози на вакцина, додека сертификатот за имунизација може да го добијат кај матичниот лекар. Денеска министерот за здравство Венко Филипче беше вакциниран со првата доза на кинеската вакцина Синофарм. Во моментов на граѓаните им се достапни вакцините Фајзер и Синофарм, како и руската која се дава за ревакцинација. Сите дози на вакцината Астра&Зенека се веќе искористени. Вчера германскиот министер за здравство соопшти дека со Астра&Зенека ќе се вакцинираат сите возрасни групи, додека Северна Македонија останува на ставот дека оваа вакцина нема да се дава на лица помлади од 60 години.

Досега околу 260.000 граѓани се пријавиле да се вакцинираат против Ковид19 преку веб-страницата вакцинација.мк.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button