ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Граѓаните не ѝ веруваат на ДУИ дека ќе ја напушти власта заради Уставот

Граѓаните не им веруваат на изјавите од ДУИ дека партијата е подготвена да ги напушти фотелјите на власта во интерес на граѓаните и за да се донесат уставните измени. Велат дека последиците што сега ги трпат граѓаните и државата се токму резултат на 20-годишните политики на ДУИ.

„Во последните 20 години сме полоши отколку во времето на комунизмот. Имаме само наши луѓе во фотелјите, но не дека нешто има. Како ДУИ што даваше ветувања, никој не давал…“

„Не верувам. ДУИ нема да замине. Само декларативно да отстранат некое име што го земале одамна…“

„Прашањето за Бугарите во Македонија и прашањето за Албанците во Македонија, мислам дека имав средба со Арбен Џафери, беа прашања кои требаше да се завршат во 2002 година. Доцниме 21 година. Причина е недовербата и фактот дека се во прашање многу интереси, од политички до материјални…“

„После 20 години сакаат да си заминат од власт, не верувам. Не верувам. Овие нашиве политичари се такви, немаат морална етика, затоа во мое време знам, политиката, политичарите во Македонија, немаат морална етика“, рекоа анкетираните граѓани.

Граѓаните велат дека промени мора да има и на политичката сцена да излезат политичари со нови идеи и визии за граѓаните и државата.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button