ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Граѓаните поделени околу можноста за рестрикции кон невакцинираните од септември

Учеството во масовни настани само со потврда за вакцинација за некои од анкетираните граѓани од Алсат би била добра мерка и истата би служела за стимулирање на оние кои не сакаат да се вакцинираат. За некои други такво нешто не може да биде оправдано се додека е дозволено организирање свадби во затворен простор. Граѓаните анкетирани од Алсат со поделени мислења за евентуалната рестриктивна мерка, која може да стапи на сила од септември.

„Мислам дека е вистинска мерка. Треба да бидеме посветени со мерките преземени од релевантните државни институции и треба да ги почитуваме…

Не велам не. Ни требаат повеќе центри за вакцинација. Сите граѓани треба постепено да ја примаме вакцината. Колку проценти вакцинирани има? Бројот е мал и ние не сме виновни за ова”…

Лично, денес ја примив вакцината, втората доза. Мислам дека сите треба да се вакцинираат“, рекоа граѓаните.

Досега околу 430 000 граѓани биле вакцинирани со една доза, додека две дози примиле околу 250 000. До полноќ, родителите кои сакаат да ги вакцинираат своите деца на возраст од 12-16 години треба да се поријават на веб-страницата „vakcinacija.mk“. Нивната вакцинација започнува утре. Децата се вакцинираат само со Фајзер, бидејќи само таа во моментов е препорачана за имунизација и на децата.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button