ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Граѓаните поделени за измените во Кривичниот законик со „безобѕирно возење“

Граѓаните поделени за измените во Кривичниот законик со „безобѕирно возење“

Возење под дејство на алкохол со најмалку 1,50 грама на литар во крвта или под дејство на дрога и други наркотични супстанции, возење во погрешна насока, возење над 70 километри на час повеќе од дозволеното и престигнување колона возила на опасно место, според предложените измени на Кривичниот законик, ќе се третира како кривично дело и ќе се казнува со затвор до три години.

Министерството за правда предвидува нов член 403 „Безобѕирно управување на моторно возило“ со кој сторителите кои досега одговараа само прекршочно, сега ќе одговараат за кривично дело.

„Во наредниот период ќе се направи детална анализа на сите кривични дела од другите закони кои треба да се избришат или изменат во рамките на овој и други предлози“, велат од Министерство за правда.
Статистиките на полицијата говорат за 137 сообраќајни несреќи во 2017 година каде животот го загубиле 155 лица. Во 2018 година, од 118 сообраќајки, животот го загубиле 133 лица, додека во 2019 година во 109 сообраќајки животот го загубиле 132 лица, меѓу кои и 15-те жртви во автобуската несреќа кај село Ласкарци. Во 2020 година имало 125 загинати.

МВР
Во 2017 година – 137 сообраќајни незгоди – 155 жртви
Во 2018 година – 118 сообраќајки – 133 жртви
Во 2019 година – 109 сообраќајки + 15 жртви кај Ласкарци – 132 жртви
Во 2020 година – 125 жртви

Од МВР велат дека возењето со поголема брзина од дозволената е најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици, па затоа полицијата е фокусирана на гонење на овој прекршок. Во текот на минатата година изречени се вкупно 240.000 казни, од кои половината се за пребрзо возење.

„За брзо возење лани имаме 104.703 санкции, 24.053 санкции за возење без возачка дозвола, а 10.360 лица се осудени за возење под дејство на алкохол“, нагласуваат од МВР.

Граѓаните ги поздравуваат овие предложени измени.
„Би рекол дека е добро, затоа што тука се вози со голема брзина.“

„Полно е, полно, понекогаш воопшто не гледаат во семафорите. Во ред е зошто да се убиваат луѓе, дури и тоа треба итно да го направат.“

Но, има и граѓани кои оценуваат дека ова е висока казна.

Предложените измени ќе бидат предмет на расправа, а законот се очекува да биде ставен на гласање до крајот на годинава.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button