ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Граѓаните револтирани од јавниот градски превоз

Мал број автобуси во оптек, долго чекање на автобуските постојки, голема гужва, граѓаните со часови чекаат автбус… (атмосфера) Ваква е атмосферата во Градот, четврти ден по ред откако штрајкуваат приватните возачи на автобуси на „Слобода Превоз“.
Револтираните граѓани велат дека не се во состојба навреме да ги исполнат обврските.

„Сега отиде 50. Полн е, не можеме да влеземе… Нема автобуси, плаќаат луѓето, дале пари, но никој не гледа дали можеш да одиш на работа или на лекар, нема автобуси… Овде треба да чекаме половина час, што да правиме… Мора да чекам автобус за да одам во државна болница”, вели еден граѓанин.

„Многумина од нас имаат проблем, особено ние што сме на училиште, секој ден речиси доцниме затоа што нема автобуси, мора да чекаме долго, дури и ако дојде автобусот има многу луѓе и не можеме да се качиме…“, реагира еден студент.

„Многу тешко, доаѓам од Арачиново, се чека многу, приватните автобуси не возат, не знам кој е одговорен. Веќе саат време чекам 55-ка“, додава еден граѓанин.

Граѓаните велат дека повеќе не можат да се потпрат на распоредот објавен на веб-страницата на Јавното сообраќајно претпријатие.

Јавниот превоз во Скопје стана понедостапен кога почна штрајкот на приватните возачи на автобуси „Макеспрес“, а состојбата се влоши од 21 ноември, кога поради ненаплатени долгови од ЈСП, и „Слобода Превоз“ одлучи да штрајкува.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button