ВЕСТИЗДРАВСТВО

Граѓаните сами бараат да се лекуваат со антибиотици

Прекумерната употреба на антибиотици станува загрижувачка, особено од почетокот на пандемијата. Само во 2021 година граѓаните купиле над 1 милион и 500 илјади антибиотици, покажуваат официјалните податоци на Фондот за здравство, а не се знае уште колку се продадени без рецепт и без покритие од Фондот за здравство. Од Фармацевтската комора велат дека во последните години се соочиле со рекордна продажба на антибиотици. Загрижувачки е фактот што граѓаните бараат по секоја цена да им се препишат антибиотици, мислејќи дека со нивно консумирање побрзо ќе се излечат.

Во аптеките, сретнавме многу пациенти кои купуваа антибиотици.

„Да, земав антибиотици ова е сезона на настинки и грип. Матичниот ми ги препиша, инаку не пијам антибиотици без да ми даде рецепт Амоксиклав“, вели еден граѓанин.

Од Фармацевтската комора велат дека во споредба со европските земји потрошувачката на антибиотици во Македонија е многу поголема. Тие оценуваат дека Министерството за здравство, треба да организира кампањи за подигање на свеста за рационална употреба на антибиотиците. Според студијата на СЗО, повеќе од половина од сите лекови, вклучително и антибиотиците, се даваат или продаваат несоодветно, и половина од пациентите несоодветно користат антибиотици.
Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button