ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Граѓаните сметаат дека и понатаму се прислушува, најмалку му веруваат на ОЈО

Повеќето граѓани оценуваат дека нема доволно демократија во земјава и повеќето се на став дека тајните служби сè уште ги прислушуваат. Судовите и натаму остануваат со најнизок кредибилитет. Истражувањето спроведено од Центарот за европски стратегии „Евротинк“, покажува дека Обвинителството ужива доверба од само 14% од испитаниците. Меѓу најрелевантните институции, граѓаните ги рангираат армијата, со 61%, претседателот со 41% и верските заедници со 35%.

Според анализата, повеќето граѓани поддржуваат интеграција во ЕУ, а 2/3 би гласале За, ако утре се одржи референдум. Поддршката е поголема кај Албанците за кои нема друга алтернатива за развој освен ЕУ, како и кај возрасната група над 70 години. Зголемен е и бројот на граѓани кои чекаат очекуваат евро-интеграцијата да се случи во следните 5 години. Намален е бројот на граѓани кои Бугарија или Грција ги гледаат како непријатели на земјата.

Од испитаните граѓани, 57% рекле дека полицијата ги извршувала своите должности за време на пандемијата. Сепак, негативните перцепции за независноста на полицијата се сè уште присутни, бидејќи 63% од испитаниците сметаат дека полицијата не е независна од политиката, политичките, владините и бизнис-интересите. Истражувањето било спроведено во февруари.

Анеса Салиху

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button