Граѓаните сметаат дека супермаркетите во земјава работат како картели
Граѓаните сметаат дека супермаркетите во земјава работат како картели

Супермаркетите кај нас функционираат како картели, а двата бојкота против поскапувањата не го постигнаа посакуваниот ефект. Вака оценуваат граѓаните, додавајќи дека Владата треба да преземе конкретни чекори и да го субвенционира производството.
“Јас сум во Франција. Како се цените овде? Во споредба со Македонија, цените се речиси исти. Има многу мала разлика. Повеќето производи се исти, како јаболка, портокали се исти, бананите таму се поевтини од овде, овде се евро и пол, а таму 99 центи или едно евро„, рече еден граѓанин.
Според Владата, решението треба да се бара со дијалог, а не со интервенција. Оттаму додаваат дека очекуваат Државниот пазарен инспекторат на наредната владина седница заедно со Министерството за економија и труд да извести за состојбите и да и презентира на јавноста некои параметри. Доколку тоа не се почитува од системот кој започнува со производители, дистрибутери и синџири, тогаш како Влада ќе мораме да преземеме мерки за да го контролираме тоа, онаму каде што е потребно. Според Владата, ценовната акција ќе се прошири бидејќи на анализа ќе бидат не само супермаркетите или хипермаркетите, туку и другите економски оператори како аптеките и продавниците за бела техника./Алсат.мк
Авни Тахири