ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Граѓанската иницијатива „Книги и лекции треба да има“ не се согласува со резултатите за он лајн наставата

Студија спроведена од УНИЦЕФ и „Реактор“ дека он лајн наставата е целосно успешно наиде на големо спротивставување од страна на родителите, учениците и здруженијата на наставници. Од Граѓанската иницијатива „Книги и лекции треба да има“, кои протестираат против најавените реформи во образованието, велат дека овие резултати се наместени. Драгана Спасевска, која ја предводи иницијативата, вели дека никакво лобирање од страна на Министерството за образование нема да ги оддалечи учениците од училишните клупи од септември.

Бројни револти и од Здружението на наставници Албанци во земјава, оспорувајќи ги заклучоците од студијата, кои според нив имаат тенденција да им претходат на законските измени што биле подготвени. Самет Јахиу вели дека биле анкетирани претходно одредени луѓе за да дојдат до заклучоците кон кои се насочиле властите.

„Сомнежи имам, да не кажа 100% за таа студија затоа што не е апсолутно точно, тврдам за делот што го претставувам. Резултатите што ги дава министерката за 90% каде родителите секогаш се жалат дека немаме мрежа, немаме телефони. Што Министерството за образование понуди за oнлајн наставата. Имам забелешки и до УНИЦЕФ, каде ги добија тие податоци, кога не спровеле никаде истражување“.

Овие реакции дојдоа еден ден по објавувањето на oн лајн истражувањето спроведено за време на пандемијата од страна на УНИЦЕФ и „Реактор“, кое покажа дека учењето од далечина е успешно. Во оваа студија од 4.811 онлајн испитаници, само 115 биле ученици, додека останатите биле директори на основни и средни училишта, наставници, професори и родители. Осврнувајќи се на податоците од студијата, овие неколку ученици кои беа анкетирани, сакаат учењето од далечина да продолжи и во новата учебна година.

Adnan Qaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button