МАКЕДОНИЈА

Граѓански организации до Пендаровски: Не го потпишувајте Законот за легализација на дивоградби

Претседателот на државата Стево Пендаровски да не го потпишува указот за прогласување на Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти и да го врати во Собранието, бараат граѓанските организации „Еко-свест“, „О2 Иницијатива“ и Светскиот фонд за природа.

„Вашата улога е од круцијално значење за спречување на негативните последици од овој Закон не само по заштитата на животната средина и природата, туку и по нашиот правен поредок. Законот не е усогласен со законите за заштита на природата и за води каде што постоење на било какви градби во одредени зони и подрачја е строго забрането, притоа за такви локации нема потреба од дополнително мислење од страна на надлежните институции наведени во новиот Закон“, велат од „Еко свест“.

Тие посочуваат дека Законот е спротивен на Уставот, особено за две од темелните вредности во членот осум, владеењето на правото и уредувањето и хуманизацијата на просторот и заштита на животната средина и природата.

Граѓанските активски појаснуваат дека кога Министерството за животна средина и просторно планирање и другите наведени институции даваат мислење, тие треба да се водат по Законот за заштита на природата и Законот за води, но досегашната пракса не покажала дека ова доследно се применува.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button