ЕКОНОМИЈА
Грчки инвеститор заинтересиран да гради гасна централа во земјава
Грчки инвеститор пројави интерес за изградба на гасна централа во Северна Македонија, рече премиерот Димитар Ковачевски кој денеска е во работна посета на Грција во врска со глобалната енергетска криза. Како што кажа Ковачевски,
„Најавена е инвестиција од страна на грчки инвеститор, голема гасна централа, со капацитет до 200 мегавати. Веќе се отпочнати анализи и штом ќе бидат завршени ќе може оваа инвестиција да биде претставена на Влада и во Собранието“, рече Ковачевски.