РЕГИОН
Грчкиот Парламент не избра претседател на Грција и по третото гласање

Ниту еден од четворицата кандидати за претседател на Грција не ги доби потребните минимум 180 гласа при денешното трето гласање (6 февруари) во Парламентот, а следното, кое се очекува да биде и клучно, ќе се одржи по пауза од пет дена, односно следната среда, јави МИА.
Гласањето е јавно со прозивање на секој од пратениците кои имаат две опции: или да одберат еден од кандидатите или да изјават дека се воздржани.
Четворицата кандидати добија идентичен број гласови како и при првите две гласања одржани на 25 и 31 јануари, а и денеска воздржани беа 52 пратеници.