МАКЕДОНИЈА

Грковска: Електронската лична карта ќе ја намали корупцијата во земјата

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење и претседател на Националниот совет за дигитална трансформација на општеството, Славица Грковска, во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат нагласи дека воведувањето на електронската лична карта потполно ќе го смени начинот на нашето досегашно функционирање и ќе ја намали можноста за мито и корупција.

„Ова неминовно ќе доведе до намалување на корупцијата, затоа што намалувањето на физичкиот контакт при давањето на услуги на граѓаните неминовно ја намалува можноста за корупција. И за нудење и за примање на мито, неминовно води кон потранспарентно и поефикасно работење на институциите и на крајот, сето тоа води до менување на начинот на кој функционираме“, вели Грковска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button