СПОРТФОРМУЛА - 1

Грожан поради повреда нема да може да вози за „ГН на Шакир“

Ромен Грожан нема да може да го вози болидот на тимот „ХАС“, по инцидентот во Бахреин, каде му изгореа дел од рацете и нозете. Затоа, тимот денеска потврди дека на негово место, за следната трка ќе го активира третиот возач, Пјетро Фитипалди. 24 – годишниот возач е трета година во „ХАС“ и беше на тестовите на болидот во 2018 и 2019 година. Доколку Фитипалди го докаже својот квалитет, може да се натпреварува со Мик Шумахер и Никита Мазепи, кои следната сезона се натпреваруваат за две места во тимот „ХАС“. Потсетуваме дека овој тим претходно објави дека соработката со Грожан и Магнусен нема да продолжи.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button