ВЕСТИРЕГИОН

Грција денеска ги отвора плажите, туристичката сезона ќе стартува на 15 мај

Во Грција денеска почнува олабавување на рестриктивните мерки со тоа што ќе ги отвори плажите, а туристичката сезона се планира да започне од 15 мај.

Музеите ќе бидат отворени за посетители од 14 мај, додека пак кината на 21 мај, а театрите на 21 мај со намалени капацитети, односно до 50 отсто пополнетост.

Грчката владата започна со постепено укинување на рестриктивните мерки воведени во ноември минатата година и дозволи отворање на поголемиот дел на малите бизниси.

Од 3 мај пак, дозволено е работа на терасите на угостителските објекти. Грција беше силно погодена од третиот бран на коронавирусот, а најголемиот број н асмртни случаи од околу 10 илјади се забележани во последните три месеци.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button