ЕКОНОМИЈА

Грција и Италија со најголем државен долг во ЕУ

На крајот на вториот квартал од 2023 година, бруто државните долгови на членките на Еврозоната изнесуваа 90,3 проценти од БДП, што претставува намалување за 0,4 процентни поени во споредба со претходното тримесечје, кога тој изнесуваше 90,7 отсто, соопшти Европската статистичка агенција – Евростат.

На ниво на цела ЕУ, пак, вкупните државни долгови изнесуваа 83,1 отсто од БДП, што исто така претставува намалување на квартално ниво за 0,3 процентни поени од 83,4 проценти на крајот на првиот овогодишен квартал.

Гледано по земји, највисок коефициент на државниот долг во однос на БДП на крајот на вториот квартал од 2023 година имала Грција од 166,5 отсто, пред Италија од 142,4, Франција од 111,9, Шпанија од 111,2, Португалија од 110,1 и Белгија од 106 проценти.

Во исто време, најниско ниво на државниот долг споредено со БДП имала Естонија од 18,5 отсто, пред Бугарија од 21,5, Луксембург од 28,2, Данска од 30,2 и Шведска од 30,7 проценти.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button