СВЕТ

Грција подигна ограда на границата со Турција

Грција ја завршила изградбата на ограда долга 40 километри на границата со Турција и поставила нов систем за надгледување со цел да се спречи мигрантски бран како во 2015 година. Ставот дека Грција нема да толерира никаква инструментализација на ситуацијата во Авганистан и нема да дозволи да се повтори 2015 година по мигрантското прашање, го истакна и портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на брифинг со новинарите.

За состојбата во Авганистан и евентуаланите нови мигрантски бранови во Грција, Иконому рече дека Владата, нејзините активности ќе ги усогласи со Европската унија од која побарале формирање заеднички став и да постои заедничко справување со ситуацијата и со евенуалната хуминатрна криза што би произлегла.

„Сигурно е дека нема да дозволиме земјата да живее сцени од 2015 година, ниту на островите, ниту на другите влезни точки, ниту на автопатите, ниту на железничките линии, ниту во урбаните средини“, рече тој.

Според грчкиот министер Михалис Хрисохоидис, кризата во Авганистан создаде можности за нови напливи на мигранти.

„Не можеме да чекаме пасивно. Нашите граници ќе останат безбедни и непроодни“, изјави тој.

(Foto: Reuters)

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button