ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Груби, Бектеши и Бесими на партиски собир со службени возила

Сè додека злоупотребата на службените автомобили од страна на министрите за партиски цели, како и трошењето народни пари не се казнуваат, законската и етичката одговорност речиси и да не постои. Прашана за однесувањето на министрите Артан Груби, Фатмир Бесими и Крешник Бектеши кои беа на партиски активности со службени автомобили, вицепремиерката за добри политики, Славица Грковска рече дека ќе постапува според Етичкиот кодекс.

Вицепремиерката Грковска го избегна прашањето дали функционерите знаат што е етика и морал.

Новинар: Истите функционери секој ден ги прават истите скандали .Дали функционерите имаат чувство за етика и морал?

Во меѓувреме, премиерот Димитар Ковачевски вели дека доколку има докази, или аргументи, тогаш постапките ќе продолжат од страна на Антикорупциската комисија или од надлежните институции како што се обвинителствата и судовите. Но, од Комисијата за борба против корупцијата велат дека немаат ингеренции да ги казнуваат тие кои ја злоупотребуваат службената должност, а реакциите на државните институции се минимални.

Според Етичкиот кодекс, за сите функционери кои злоупотребуваат службени автомобили како и други привилегии за партиски или лични работи, Владата има право јавно да го критикува однесувањето, да бара политичка одговорност, односно оставка или да ги информира надлежните институции.

Етички кодекс, член 23

„Досега за случаите што ги покрена Антикорупциска, Владата само го предупреди министерот за надворешни работи Бујар Османи и поранешниот министер за екологија Насер Нуредини за злоупотреба на службените возила за партиски активности“.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button