МАКЕДОНИЈА

Груевски му е советник на Орбан и тера бизнис со порцелан

Освен во новоотворената фирма во која е сопственик и директор, Груевски е ангажиран и како советник на унгарскиот премиер, Виктор Орбан, за Западен Балкан

Експремиерот Никола Груевски регистрирал компанија во Унгарија со седиште во Пецел, на дваесетина километри источно од Будимпешта, објави тамошниот портал 24.ху.

Според документите кои ги објави порталот, фирмата се вика „И.Ц.И.Ц“ и е отворена на 15 јули, а Груевски е сопственик и директор на компанијата.

Регистрацијата на фирмата со сите овие трговски можности го чинела Груевски точно три милиони унгарски форинти или 8 350 евра.

Груевски, кој откако доби азил, живее во Унгарија, при регистрирањето на фирмата, како втора адреса – дал домашна адреса во Скопје.

Освен во новата фирма, Груевски, како што кажа унгарскиот министер за надворешни работи Питер Сијарто, е ангажиран и како советник на унгарскиот премиер Виктор Орбан за Западен Балкан.

Експремиерот избега од државава во ноември 2018 година, пред да му биде врачен упатен акт за затворската казна од две години во случајот „Тенк“ кој се однесува на набавката на блиндираниот „мерцедес“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button