ВЕСТИСВЕТ

Гутереш: Дипломатијата е единствен начин за решавање на конфликтот меѓу Израел и Иран

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш денеска изјави дека се спротивставува на понатамошни напади во израелско-иранскиот конфликт и оти се залага за дипломатско решение, пренесоа светските медиуми.

„Секоја дополнителна воена интервенција би можела да има огромни последици, не само за вклучените страни, туку и за целиот регион, како и за меѓународниот мир и безбедност во целина“, рече Гутереш во Њујорк.

Advertisements

Тој додаде оти силно апелира до сите да избегнат каква било понатамошна интернационализација на конфликтот, без експлицитно да ја спомене администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп или Соединетите Американски Држави (САД).

Американскиот претседател, денеска на брифинг со новинарите пред Белата куќа избегна директно да одговори на прашањата дали Соединетите Американски Држави планираат да се приклучат на израелската офанзива и да го нападнат Иран или нуклеарните постројќи на земјата.

Прашан дали ќе нареди напад на САД врз Иран, Трамп рече дека можеби ќе го стори тоа, а можеби и не.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button