ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Хајрулахи обвинува за притисоци за нарачана одлука за предметот со бонусите на СЈО

Хајрулахи обвинува за притисоци за нарачана одлука за предметот со бонусите на СЈО

Целта на кривичната пријава против мене поднесена од републичкиот јавен обвинител е да ме замолчи и да ме отстрани, а исто така да ги замолчи и другите колеги кои постапуваат согласно законот, изјави денеска суспендираниот шеф на вишото јавно обвинителство Мустафа Хајрулахи. Тој за истрагата која ја отвори обвинителството против него, прстот го вперува кон републичкиот обвинител Љупчо Коцевски, кого го обвинува дека му вршел притисок по однос на предметот за бонусите на СЈО.
Изјава тонско Мустафа Хајрулахи, суспендиран шеф на вишото јавно обвинителство Скопје (тонско од 3.35 до 4.08) – На 19-ти септември од страна на републичкиот обвинител во својство на виш јавен обвинител ме викна кај него во канцеларија и ми рече дека по однос на предметите на СЈО треба да донесам одлука со којашто ќе се потврди првостепеното решение од Основото јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и дека не треба да се даде својство на оштетен на подносителот на кривичната пријава, односно на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Хајрулахи вели дека хајката против него е режирана од Коцевски бидејќи тој не подлегнувал на притисоците, а обвини и дека токму ќерката на Коцевски во јавноста давала доверливи информации за извршен надзор во вишото обвинителство, за што во медиумите беше објавена и видео снимка. Хајрулахи рече дека снимката ја добил од свиркач кој не го познава. Од обвинителството пак демантираат какви било притисоци врз Хајрлахи, а тврдат и дека немало протекување на доверливи информации во јавноста.

„Против јавниот обвинител Хајрулахи, кој воопшто не е надлежен јавен обвинител во предметот за бонусите во СЈО, се води истрага за конкретни кривични дела. Уште еднаш повторуваме дека ниту една доверлива, ниту каква било друга информација во врска со извршениот надзор не е “изнесена” од Јавното обвинителство. Извештајот од извршениот надзор над Вишото јавно обвинителство Скопје деновиве е доставен до Јавниот обвинител и веќе е разгледан„, велат од Обвинителство.

Од обвинителството додаваат и дека извештајот сега треба да им биде вратен на обвинителите за тие да се произнесат по сите точки од надзорот. Во врска со видео снимката на која наводно на новинарка и се даваат доверливи информации од надзорот, од обвинителството велат дека постапката е во тек и дека веќе имаат одредени индиции за лицето што ја снимало. Инаку вчера Хајрулахи беше суспендиран од функцијата шеф на вишото јавно обвинителство Скопје поради сомжеж за сторени две кривични дела – малтертирање во вршење на службата и злоупотребата на положбата и овластувањата. Тој бил пријавен од вработени во обвинителството со кое раководи./Алсат.мк

Mихаило Донев

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button