ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Хакери синоќа ги преоптовариле серверите на македонските банки

Вчеравечер, на кус временски период беше отежнат или блокиран пристапот до веб-страниците на Народната банка и на домашните банки, потврдија од Народната банката.

Ова било поради хакерски нападат или т.н. ДДоС напад, но, како што уверуваат од Народната банка, проблемите биле надминати во најкус рок, а безбедноста односно доверливоста и интегритетот на податоците во ниту еден момент не биле доведени во прашање.

„ДДоС е напад на веб-страниците, во кој огромен број на фиктивни клиенти од различни локации се преправаат дека сакаат да добијат информации од страницата, поради што серверот се преоптоварува и му треба повеќе време за да одговори на барањата од реалните корисници. Но, во ваков случај ниту се исклучува сервисот, ниту пак се менува содржината на веб-страницата“, објаснуваат од Народната банка.

Оттаму посочуваат дека заедно со домашните банки ги следат глобалните трендови и постојано ја зајакнуваат отпорноста и заштита на информативните системи од заканите во дигиталниот простор.

Во неделата од твитер-налогот на хакерите со име „Моќна грчка армија“ (Powerful Greek Army) беше најавено дека наскоро ќе има хакерски напад на сите банки во Северна Македонија.

Во текот на денот хакерите се „пофалија“ со повеќе објави дека ги нападнале веб-страниците на повеќето банки, како: „Силк роуд банк“, Халк банка, Шпаркасе, Капитал банка, Комерцијална, Прокредит, НЛБ, Централна кооперативна банка, Стопанска, ТТК банка и други.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button