ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Халили: ЕК и Бугарија да не бараат промена на Устав

Халили: ЕК и Бугарија да не бараат промена на Устав

Советот на амбасадори во земјава смета дека секој обид да се направи преговарачка рамка достапна за двете страни треба да биде мултилатерална рамка во која Бугарија ќе има свое место како пријателска држава на Северна Македонија. Шефот на советот Мухамет Халили вели дека промената на Уставот не треба да биде услов за отворање на преговорите со ЕУ. Негова лична оценка е дека решение во јуни, со ставот на Бугарија, е речиси невозможно.

„Ниту Европската комисија, ниту ЕУ, ниту Република Бугарија, не треба да инсистираат клучот за отворањето на преговорите, односно одржувањето на првата меѓувладина конференција, да биде отворањето на Уставот каде Бугарите ќе го заземат своето место до другите етникуми бидејќи за ова е потребно релативно подолго време. Второ, потребен ни е консензус во парламентот на државата, што во нашиот случај го нема, зашто сме сведоци дека лидерот на македонската опозиција се изјасни против уставните измени“, изјави Мухамет Халили, претседател на Советот на амбасадори. /Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button