ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Халили: Пругата кон Албанија доцни поради несогласување од СДСМ

Несогласување во владината коалиција помеѓу СДСМ И ДУИ е причината поради која повеќе од три години проектот за пруга до Албанија лежи во фиока. Директорот на МЖ Инфраструктура, Фестим Халили за Алсат открива дека откако го предложил проектот пред повеќе од една година, тој не поминал кај минатата влада.

„Во првиот обид немаше хармонизација помеѓу сите институции, и некои институции мислеле дека сѐ уште е рано да се отпочне овој проект. Имаше некои институции кои мислеле дека е прерано“, рече Халили.

Прашање: Коалициониот партнер можеби?

„Па можеби да“, одговара Халили.

Изведбениот проект кој е готов од 2107-та година и е финансиран со пари од Европската унија, предвидува изградба на железничка инфраструктура во должина од 63 километри. На потегот од Кичево до Струга  треба да се градат освен пруга и 49 мостови и 13 тунели. На трасата ќе има и две главни станици како и две мини станици.  Вкупната сума која треба да се обезбеди е 525 милиони евра. Халили се надева дека освен евтини кредити за овој проект ќе се најдат и неповратни средства од европските фондови. За изградба на ваков инфраструктурен зафат надлежните сметаат дека ќе бидат потребни најмалку четири години.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button