СПОРТФОРМУЛА - 1

Хамилтон казнет по триумфот во Бразил

Возачот на „Мерцедес“ во Формула 1, Луис Хамилтон, по победата на трката за Големата награда на Бразил, е казнет поради кршење на правилата. Британскиот пилот го прекршил правилото за појасот за безбедност кој предвреме го извадил, па така Британецот ќе мора да плати казна од 5 илјади евра. Во меѓувреме ќе плати дополнителни 20 илјади евра, доколку предизвика некој друг инцидент, до крајот на 2021 година. На 3 трки до крајот на сезоната во Формула 1, актуелниот лидер Макс Верстапен има 14 поени предност пред Луис Хамилтон, а следната трка ќе се вози на 21 ноември, за Големата награда на Катар.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button