ФОРМУЛА - 1

Хамилтон казнет со 10 места за трката во Турција

Комесарите на турската Гран при во Формула 1 го казнија британскиот возач Луис Хамилтон со 10 позиции. Причина за тоа е фактот што екипата на „Мерцедес“ одлучила да го смени само ендотермичкиот дел од моторот, а не целиот мотор. Пред две недели, Макс Верстапен со болидот „Ред Бул“, целосно го смени моторот и ја започна трката од последното место. Се чини дека „Мерцедес“ одлучија да ја направат оваа делумна модификација на моторот за да не дозволат Верстапен да се одлепи на почетокот на трката. Турското гран при се вози викендов во Истанбул.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button