СПОРТФОРМУЛА - 1

Хамилтон: Многу е тешка патеката во Португалија, во многу свиоци едноставно не гледате каде одите

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон ги сумираше резултатите од слободните трки во петокот пред Големата награда на Португалија, споделувајќи ги своите впечатоци од првиот настап на патеката „Алгарве“.

„Многу тешка патека. Вистински тест. Неверојатни промени во висината. На многу места на патеката, едноставно не можете да видите каде одите всушност. На излезот од осмиот свиок, само некое време се загледувате во небото, без идеја што ве чека над ридот“, изјавил Хамилтон.

Португалското Гран при е закажано за утре (25 октомври) со почеток во 14.10 часот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button