ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Хани: Цените на становите се напумпани

Ако пред една година просечната цена на новите станови во Скопје беше 1.100 евра за м2, сега цената на станбен квадратен метар во центарот на главниот град е двојно зголемена. Оваа година економската криза најмногу го погоди градежниот сектор. Според Народна банка на Македонија, во последниот квартал од минатата година цените на становите се зголемени за над 20%.

„Според податоците на Народна банка, во третиот квартал порастот е 21,2%, во вториот 16,5%, додека во првиот квартал порастот е 12,4%, двоцифрен пораст има во последниот квартал од 2021 година , пред тоа порастот беше едноцифрен и се движеше од 2 до 6%“, велат од НБРМ.

Според податоците на агенциите за недвижности, цените на становите се движат од 1.800 до 2.200 евра за м2 во центарот на Скопје и околината. Никаде нема станови за продажба под 1100 евра како лани.

„Податоците од последниот попис покажуваат дека повеќе од 1/3 од вкупно 839 174 станови се празни. Вселени се 531 987 станови, додека останатите 36,6% или 307 187 станови се празни“, наведуваат од Државниот завод за статистика.

Градежниците објаснуваат дека поскапувањето било неизбежно поради поскапувањето на енергенсите и градежните материјали. Според последните информации, трошоците за комунални давачи се зголемени за над 40 отсто и за купување градежно земјиште. Но, од Стопанската комора на северозападна Македонија велат дека овие цени се напумпани бидејќи инвестицискиот трошок е 600-700 по м2.

„Цените имаат општо движење од 25-30% во однос на моментите пред кризата. Мислам дека овие цени не се реални, но ако ги споредиме со земјите од регионот како Албанија, Србија или други од Балканот, мислам дека Македонија има поповолни цени во споредба со овие земји. Во просек цената е пониска, но познато е дека кризата донесе зголемување на сите градежни материјали, од друга страна и недостиг на работна сила, кои се фактори кои влијаат на високата цена“, рече Ресул Хани, Стопанска комора на северозападна Македонија.

Агенцијата за катастар на недвижности во извештајот за минатата година бележи драстично зголемување на бројот на регистрирани продажби во однос на истиот период лани. Од јануари до март 2022 година се регистрирани 5.919 купопродажби, додека во истиот период лани 4.766.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button