ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Хаос на скопските улици: Автомобили чекаат во колона и по еден час

Сообраќаен метеж утринава има на повеќе сообраќајници низ градот. Приватните автобуси на „Слобода превоз“ не возат, а дополнително гужва прават почнатите реконструкции на неколку главни сообраќајници низ градот поради што сообраќајот се одвива по една или две ленти. Жителите на главниот град не можеа да стигнат на своите работни места за еден час.

Од „Слобода превоз“ најавија дека претставници на превозниците од сите линии во 9:00 часот ќе бидат пред Градското собрание каде што ќе побараат итен прием кај секретарот на Град Скопје кому ќе му ги пренесат проблемите со кои се соочуваат, а кои се поврзани со големиот долг на ЈСП кон нив.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button