ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Хаосот со јавниот превоз во Скопје им предизвикува маки на учениците

Хаосот со јавниот превоз во Скопје им предизвикува маки на учениците

Недостигот на приватни превозници и понатаму предизвикува големи проблеми кај граѓаните, особено кај средношколците кои живеат во скопските села. Тие често се принудени да пропуштат часови бидејќи не стигнуваат на време на училиште. Дури се принудени да прават дополнителни трошоци и да одат на училиште со такси.

„Час, час и половина, не се чести, многу се ретки автобусите. Зависи, некогаш со автобус кога има, кога нема, со наши коли, а тоа значи дополнителни трошоци“, рече еден ученик.

„Живеам во Средно Коњаре, патот трае скоро еден час. Ако останам на сите часови, 8 часа, морам да се вратам дома во 21“, рече една ученичка.

Револтирани се и граѓаните во урбаниот дел на Скопје. Велат дека градоначалничката Арсовска ги малтретира и не го решава проблемот.

Приватните превозници со месеци не се во сообраќај. Нивното отсуство предизвикува хаос во јавниот превоз, особено во некои линии каде граѓаните чекаат и до 1 час./Алсат.мк

Мелихате Рустеми

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button