ЕКОНОМИЈАПОСЛЕДНИ

Хоџа: Нема кратења во земјоделството, има капитални проекти

Секторот земјоделство нема да доживее кратење на буџетот бидејќи има капитални проекти што треба да се спроведат, како што е обезбедување вода за наводнување на плодни земјишта. Наведе министерот за земјоделство, Аријанит Хоџа во вечерашното гостување во емисијата „Економски магазин“ на Алсат.

„Во рамките на министерството има капитални проекти кои се инвестираат во смисла на обезбедување вода за наводнување на земјиштата, и покрај состојбата што беше дел од пандемијата, овие проекти не запреа и нема да запрат бидејќи тие се од витално значење за развојот на земјоделство, соодветно за да ја зголемиме локалната продуктивност… ќе треба точно да знаеме на кои делови ќе се фокусира државата и сите анализи што во моментов ги прават работните тела во министерството заедно со социјалните партнери кои соработуваат со министерството, стопанските комори , земјоделски здруженија за да можеме да направиме рамка која ќе има долгорочна стратегија за трансформација на нашата земја како регион кој не само што ќе произведува за државата, туку ќе постигне одредени производи да бидат конкурентни во извозот, бидејќи ова тоа исто така би го регулирало трговскиот аспект на нашата држава“, рече министерот Хоџа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button