МАКЕДОНИЈАПОСЛЕДНИ

Холштајн: Отворањето на преговорите со С.Македонија е во интерес на сите

Германската амбасадорка Анке Холштајн  ја реафирмира позицијата на Германија дека цел на германското претседателство со ЕУ е одржување на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија за време на нивното претседавање до крајот на годинава и оти тоа е во интерес на сите вклучени страни.

-Одржувањето на првата меѓувладина конференција меѓу ЕУ и Северна Македонија е наша цел како германско претседателство во рамки на процесот на проширувањето и ние цврсто се придржуваме кон таа цел. Ќе направиме се што можеме за да овозможиме тоа да се случи. Во близок контакт сме со сите инволвирани. Сѐ уште постои малку време. Во интерес е на сите  вклучени тоа да се случи. И ние сме оптимисти, изјави на новинарско прашање амбасадорката Холштајн по работниот појадок во МНР организиран од Македонско-бугарското копретседателство со Берлинскиот процес.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button