ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Хотелиерите од Македонија се нудат да згрижат бегалци од Украина

Хотелската асоцијација на Македонија ХОТАМ, денеска со писмо до Владата ја информираше дека хотелите на Охридско-струшката ривиера се подготвени да отстапат 30% од своите капацитети за прием на бегалци од Украина. Очекуваат деновиве да бидат прецизирани деталите. Во писмото до кое дојде Алсат пишува дека хотелиерите нудат поволни услови за згрижување.

Advertisements

„Што значи од некои 5.000 хотелски соби, 30% од тоа е 1.500 соби или 2.000-3.000 туристи или бегалци од Украина. Очекуваме во текот на денешниот ден или утре да бидеме контактирани и да разговараме за детални работи, како треба да се дочекаат, што сè треба да има за нив, типот на исхрана“, рече Крсте Блажески-претседател на ХОТАМ.

Подготвени се да понудат најниски можни цени.

„И да се оди скоро без никаков профит на сето тоа, за да биде искористено само за помош за оваа работа…“, додава Блажески.

На помош се подготвени и од општина Охрид.

„Ако се побара тоа од нас како држава не можам да кажам, но ако се побара од нас како град, секако дека стоиме на располагање“, изјави Кирил Пецаков-градоначалник на Охрид.

Од ХОТАМ размислуваат на бегалците коишто евентуално би дошле, да им понудат и работа во нивните објекти. Ако се знае и големиот број на приватни сместувачки капацитети, само во Охрид и Струга може да бидат сместени до 10.000 лица.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button