ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Хотелските работници бараат помош од државата

Ако не продолжи помошта од државата кон хотелскиот сектор и ако оваа туристичка сезона биде слаба, а такви се и очекувањата, од наесен добар дел од вработените во туристичкиот сектор покрај Охридското Езеро ќе останат без работа, велат за Алсат од ХОТАМ. Охрид и Струга живеат од туризмот, но како стојат работите, ги очекува уште една тешка сезона.

„Работниците не бараат плата само за јули и август. Тие бараат 12 месеци плата. Ние успеавме минатата година да се задржат повеќе од 90 отсто од вработените во оваа индустрија, очекувајќи дека ќе имаме некаква сезона сега. Но, ако и овој пат нема таква сезона ќе има многу отпуштања на вработени. Не дека хотелиерите и рестораните не сакаат да работат, но условите ќе бидат такви да мора да отпуштаат“, рече Крсте Блажески, претседател на ХОТАМ.

Од ХОТАМ реагираат што не биле вклучени во шестиот сет владини мерки и покрај нивните барања да не бидат изоставени, затоа што добар дел од хотелите оваа зима не работеа.

„Ние сме сместувачки капацитети, а одговорот кој ни беше даден, дека сместувачките капацитети беа отворени за време на пандемијата, а биле затворени само рестораните и кафетериите. Ќе биде еден голем удар, како ќе се преживее не знам. Ако се погледне колку промет е направено во тие сместувачки капацитети за тој период, додека имавме пандемија, ќе се види дека нема ниту еден отсто. Дури поголеми се трошоците да се држи цел објект“, додава Блажески.

„Како Охрид нема да сме многу атрактивни, ако немаме поддршка од владините сет мерки. Ќе ни е тешко и оваа година. И ќе се бориме сите сами со себе. Веќе две години станавме имуни на ова. Сите си бараме варијанти, сами да сработиме, да можеме да вратиме, без да очекуваме помош од владините сектори“, рече Муса Рашид-хотелиер.

Поради отворените граници, домашните гости ќе ги има во многу мал број, додека најголем дел од странските гости кои изминатите години доаѓаа организирано, ова лето или воопшто нема да дојдат или ќе бидат во далеку помал број од 2019 година, иако дел од нив како што оние од Полска почнаа да се враќаат.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button